Старт е на пролетта, Шкупи на Чаир го пречекува Борец, а тренерот Ќатип Османи верува дека неговиот тим ќе се разбуди веднаш и ќе го покаже потенцијалот.
„Има потенцијал овој состав на Шкупи, но сето тоа треба да го покажеме на првенствените натпревари. На отворањето на пролетниот дел од сезоната ни гостува Борец и тоа добра можност да покажеме како сме се подготвиле“, вели Османи.
Работнички исто така е пред голем предизвик. Мора да ја заборави есенската полуетапа во која заврши на последната позиција на табелата и со многу поуспешна пролет да побегне што е можно побрзо кон средишниот дел на прволигашкото рангирање.
„Ја заборавивме неуспешната есен, го оставаме тоа зад нас и максимално сме фокусирани на тоа што следува, пролетниот дел од шампинатот. Свесни сме дека Работнички не е во моментот на посакуваните позиции и мораме да се потрудиме тоа да го подобриме што е можно побрзо. Се надевам дека со новиот шеф на стручниот штаб Ратко Достаниќ и со засилувањата кои пристигнаа, Работнички ќе има многу поинаков лик оваа пролет. На отворањето гостуваме во Струга, домаќинот е незгоден тим, немаме пријатни спомени од есенските дуели и затоа на мечот му приоѓаме максимално внимателно и мотивирано. Се надеваме на успех затоа што мораме да собираме бодови уште од стартот на пролетниот дел од шампионатот“, вели Николче Шаркоски пред гостувањето кај Струга Трим Лум.
Стружани посакуваат во победнички стил да ја отворат пролетта, а оваа сезона двапати славеа во дуелите со Работнички.
Ренова и Силекс не менуваа премногу во своите ростери оваа зима и затоа воиграноста треба да биде нивен адут. Во меѓусебна пресметка во Тетово ќе имаат можност да покажат кој е моментно во подобра форма.
Дербито на колото се игра во Струмица каде Шкендија му гостува на составот на Академија Пандев. Вчера Вардар ја совлада Македонија ЃП со 3-1 и се зацврсти на врвот на табелата.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО (14 ч.)
Струга: СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ
Чаир: ШКУПИ – БОРЕЦ
Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС
Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (13 ч.)
ВЧЕРА: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski