Шкупи сака да остане во трката за шампионската титула, а за тоа се потребни победи. Тимот на Хасан Озер денеска (14 часот) ја пречекува Академија Пандев и посакува нов триумф. На гостите им гори под нозе по поразот на стартот од Работнички (0-1) во Струмица, но тоа не е проблем на Шкупи.
„Нашата цел е победа на секој нареден меч. Академија Пандев има тим за респект, но ние сме подготвени за надигрување и посакуваме нов успех. Само на таков начин можеме да се наметнеме како кандидати за титулата“, изјави Кристијан Трапановски, екс-играчот на Академија Пандев.
Тимот на Александар Васоски ќе биде ослабен на овој дуел, без дефанзивците Димов и Манев, и без Шаркоски.
Борец загуби на стартот од Шкупи (0-1), а и денеска ќе има тешко гостување во Ѓорче Петров. Новиот тим на велешани ќе се обиде да остане непоразен, но Македонија ЃП тешко раздава бодови на домашен терен.
Пелистер и Ренова ќе имаат директен дуел за опстанок. Дефанзивецот Бојан Илиевски најави дека „зелените“ се подготвени за триумф, а Ренова бара рехабилитација по поразот на стартот од Беласица (2-4).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













