Connect with us

Шкупи и Тиквеш во прва битка за финале во Купот

Шкупи и Тиквеш денеска (15 часот) на Чаир го играат првиот полуфинален натпревар во Купот на Македонија. Домаќинот ќе се обиде да обезбеди предност пред реваншот во Кавадарци, а секако дека и Тиквеш има свои планови за да остане непоразен на денешната пресметка.


Напаѓачот на Шкупи, Норвежанецот Емануел Гронер, верува дека неговиот тим ќе успее да оствари триумф. Тој на седум натпревари оваа пролет постигна пет гола.

„Добивме голема самодоверба и добри искуства од натпреварот минатата сабота. Ги имавме навивачите на трибините, што покажува дека сме најголемиот клуб и луѓето нѐ сакаат. Со нетрпение го очекувавме натпреварот со Тиквеш, тоа е полуфинале во Купот, каде влегуваме со големи амбиции да го освоиме овој трофеј. Поминаа многу години откако го освоивме Купот и многу сме мотивирани за овој натпревар. Ќе направиме сѐ за да го донесеме овој трофеј дома. Одиме во овој натпревар со позитивно чувство, фокусирани сме и само треба да работиме како тим“ , изјави Емануел Гронер.

Тренерот на Шкупи, Младен Жижовиќ, за овој меч нема да може да смета на Абдул Руатубјаје, кој на дуелот против Вардар беше исклучен.

Првиот полуфинален натпревар од Купот меѓу Шкупи и Тиквеш ќе го суди Јован Качевски од Струга.

Второто полуфинале меѓу Воска и Македонија ЃП се игра утре.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови