Connect with us

Шкупи го претстави Брдаровски како ново засилување

Македонскиот вицепрвак Шкупи доведе уште квалитетно засилување во последниот ден од летниот преоден рок. Тимот од Чаир потпиша договор со десниот бек Владица Брдаровски.


Тој настапуваше на Косово за првакот Дрита, а сега се враќа во Првата македонска фудбалска лига.
Брдаровски потпиша договор со Шкупи на една сезона.

„По една година се враќам во Македонија и можам да кажам дека моите и амбициите на клубот се поклопија. Заедно ќе се бориме за титулата и за други успеси. Пред нас имаме силни ривали како Шкендија, Академија Пандев и Струга, но верувам во овој тим затоа што знам повеќето од соиграчите, а исто така тука е и тренерот Гоце Седлоски. Тој најдобро знае како се освојуваат титули и чест ми е што пак ќе имам шанса да соработувам со овој тренер“, изјави Брдаровски.

Брдаровски играше за Вардар од 2015 до 2020 година, а претходно ги носеше дресовите на Пелистер и Работнички. Има настапувано и за Ѓер и за Брно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови