
Македонскиот прволигаш Шкупи доведе уште едно квалитетно странско засилување во пресрет на пролетниот дел од првенството. Тимот од Чаир го картотекира репрезентативецот на Гвинеја, напаѓачот Мамадуба Бангура (20) кој треба да го носи дресот на Шкупи во втората половина од шампионатот.
Мамадуба Бангура е крилен напаѓач кој доаѓа од тимот на Калум Стар и е стандарден репрезентативец на Гвинеја. Тој заедно со Реџиналдо и со Матеј Цветаноски треба да бидат убиствено трио во составот на Хасан Озер.
Шкупи се наоѓа на втората позиција на табелата по есенскиот дел од шампионатот со 33 бода, шест помалку од лидерот Шкендија, но има шампионски аспирации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
