Македонскиот првак Шкендија на срамен начин ги завршува настапите на европска сцена оваа сезона. Четврти пораз во четвртиот меч и елиминација и во второто натпреварување, Конференциската лига на УЕФА. Најавите дека може се елиминира Рига паднаа во вода затоа што летонскиот шампион славеше и на реваншот во Скопје со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Микаел Соисало во 52.минута од дуелот.
Вакулко нафрли од левата страна, а Соисало реагираше одлично во шеснаесетникот крај анемичната одбрана на Шкендија.
Тимот на Ернест Ѓока ова лето е тотално некадарен за настап на меѓународен план, а критиките треба да одат токму на адреса на тренерот. Ниту раководството не се потруди нешто драматично да го засили составот за квалификациите од ЛШ и Конференциската лига на УЕФА.
Шкендија загина без испукан куршум, без ниту еден постигнат гол на четири натпревари. Залудни се обидите тоа да се покрие со коментарите дека тимот и не играл така лошо во поле. Вакви катастрофални изданија во Европа, Шкендија не памети никогаш.
Време е можеби и за промени…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













