ФИФА донесе одлука која не е во прилог на Атлетик Билбао во врска со обидот за трансфер на дефанзивецот на Ал-Наср, Ајмерик Лапорт, јавуваат шпанските медиуми. Како резултат на тоа, 31-годишниот фудбалер нема веднаш да се врати во својот поранешен клуб, туку останува дел од тимот на Кристијано Роналдо.
Атлетик се обиде да го ангажира Лапорт на самиот крај од летниот трансферен рок, но од Саудиската фудбалска федерација не успеаја навреме да ги поднесат потребните документи во меѓународниот онлајн трансфер-систем, што доведе ФИФА да го одбие официјализирањето на трансферот вреден 10 милиони евра. Со тоа, искусниот дефанзивец ќе продолжи да носи „жолто-синиот“ дрес, иако веќе имаше договорено тригодишна соработка со Баските.
Интересно е што Лапорт не е регистриран за саудиското првенство, па моментно неговата единствена опција за настап е Азиската Лига на шампиони.
Неговиот договор со Ал-Наср трае до следното лето, со годишна плата од 25 милиони евра.
За Атлетик, единствената шанса за остварување на трансферот останува успешна жалба пред Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Шпанските медиуми посочуваат дека случајот потсетува на оној на Давид де Хеа, кога пред десет години пропадна неговиот трансфер од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













