Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Димоски од денес е дел од српскиот суперлигаш ТСЦ. Младиот дефанзивец (23) доаѓа од рускиот Акрон, а минатата сезона настапуваше за Амкар, додека пролетниот дел од шампионатот го мина како позајмен фудбалер во редовите на Партизан.
„Со големо задоволство го претставуваме Бојан Димоски како најново засилување на нашиот клуб. Добредојде во семејството на ТСЦ“, стои во соопштението на клубот.
Димоски е дете на Тетекс, а низ кариерата ги носеше дресовите и на Вардар и Брера Струмица. Веќе има искуство во српскиот фудбал, а зад себе брои 20 настапи за македонската А селекција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













