Бразилецот Ентони откри дека во последните часови од летниот преоден рок добил понуда од Баерн Минхен, но решил да не преговара за трансфер на „Алијанц Арена“, бидејќи веќе го дал својот збор на Бетис.
Според медиумите од Германија, Баерн бил подготвен да плати 30 милиони евра на Манчестер Јунајтед и да му понуди на бразилскиот крилен играч 7 милиони евра годишно нето – повеќе од двојно од неговата плата во Бетис.
„Разговарав со Баерн ден пред финализирањето на договорот со Бетис. Не знам дали понудата навистина била 7 милиони нето, тоа не го дискутирав, но им реков дека веќе сум го дал својот збор и дека работите се завршени околу 95%. Сакав да останам верен на мојата одлука. Чувствував спокој со изборот, со цело почитување кон Баерн, еден од трите најголеми клубови во светот. Не знам што ќе се случи во иднина“, изјави Ентони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













