
Македонскиот првак Шкендија стигна до прва, историска победа во групната фаза од Конференциската лига, откако го совлада Шелбурн со 1-0, со гол во 93.минута од натпреварот. Всушност, тоа беше автогол на гостинскиот дефанзивец Патрик Барет.
По корнерот, Вебстер откосо од левата страна уфрли во шеснаесетникот, а Патрик Барет си постигна автогол за делириум на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Како што и најави тренерот Јетон Беќири, очигледно дека Шкендија научи многу од поразот од Рајо Ваљекано во Мадрид. Мудро чекаше грешка на противникот до самиот крај, и тоа се случи во судиското продолжение. Шкендија стигна до голем триумф и покажа дека има сила за големи дострели и во групната фаза од европското клупско натпреварување.
Првото полувреме не донесе поголеми возбудувања. Иако се очекуваше поофанзивен старт на тетовци, мечот започна претпазливо, со многу дуели и прекини на средината од теренот. И двата тима се обидуваа со удари од далечина, но без вистинска закана. Најдобрата прилика ја имаше Тамба, кој во 27. минута биеше силно од дваесетина метри, но топката мина малку над пречката.
Во вториот дел тренерот Јетон Беќири внесе нова енергија во играта – Рамадани и Спахиу влегоа за да го оживеат средниот ред, што веднаш се почувствува на теренот. Шкендија притисна, Спахиу се закани од далечина во 52. минута, а малку подоцна и Красниќи имаше убава можност, но без реализација.
Ирскиот тим не се предаде лесно – прво Вуд се обиде, а потоа капитенот Којл во 66. минута ја погоди стативата на голот на Гаје, што беше најголемата шанса за гостите.
Во 70. минута Тамба повторно беше во центарот на вниманието – по брза контра, излезе сам пред голманот, но шутираше над голот.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без голови, во екстра-времето Шкендија изведе корнер, по кој Роналдо Вебстер шутираше, а топката се одби од Патрик Берет и заврши во мрежата на Ирците – автогол кој ѝ донесе огромна победа на Шкендија (1-0) и радост на трибините.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
