Три натпревари содржеше неделната понуда од Првата лига, со оглед дека Воска Спорт и Гостивар, како и што најавија, не се појавија на теренот.
Шкендија се спаси од пораз на гости кај Струга Трим Лум (1-1) и направи уште еден голем чекор кон титулата. Стефан Спировски донесе водство за Струга ТЛ во 48.минута, но израмни Лиридон Љатифи во 81.минута. Шкендија и понатаму има четири бода предност пред Силекс.
Работнички и Силекс се сретнаа на Националната арена во Скопје. На крајот ремизираа без голови, 0-0. Двете екипи многу повеќе внимаваа да не загубат, немаше стопроцентни шанси на овој дуел.
Интересен беше и натпреварот меѓу Беса и Брера, двете екипи кои сакаат да избегнат учество во баражот за опстанок во Првата лига. Славеше Беса со 2-1. Меџит Незири донесе водство за Беса, израмни Мартин Ѓорѓиевски, но Влатко Стојановски донесе триумф за домаќините.
Тиквеш и Пелистер ќе добијат службени победи како гости кај Воска и Гостивар, бидејќи овие клубови се повлекоа под натпреварувањето.
Вардар вчера го победи Шкупи со 0-2.
ПРВА ЛИГА, 30. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 0-0
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1-1
БЕСА – БРЕРА 2-1
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР НЕОДИГРАНО
ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ НЕОДИГРАНО
ВЧЕРА: ШКУПИ – ВАРДАР 0-2
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













