Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, тимот на Шкендија, од денеска се сели во Анталија. Тетовскиот клуб во турскиот туристички центар ќе остане до 8. февруари и ќе го реализира главниот сегмент од зимските подготовки.
Ернест Ѓока ќе ја провери формата и ќе го воигрува тимот преку четири пријателски натпревари. Утре Шкендија ќе тестира против украинскиот тим Зорја Луганск, за 30. јануари е закажан пријателски меч против украинскиот состав Десна, на 3 фавруари противник на Шкендија ќе биде казахстанскиот Каизар, а „генералката“ е против Динамо Киев на 7. февруари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski