Шкендија сака да го задржи врвот и да се зацврсти на првата позиција на табелата, но денеска ја очекува тешка мисија крај езерото во Струга. Домаќинот е амбициозен, посебно добро игра на домашен терен, а Ернест Ѓока ќе нема на располагање неколку стандардни првотимци.
Посебно „десеткувана“ ќе биде одбраната. Капитенот Егзон Бејтулаи има жолти картони, а Јан Кривак се уште не е доволно опоравен за настап. Ќе недостига многу и Валон Ахмеди во средниот ред.Сепак, Шкендија ја носи фаворитската улога и ќе се обиде да ја оправда со триумф.
Струга Трим Лум има одличен старт на сезоната, со 19 бода се наоѓа на четвртата позиција, а обезбеди пласман и во полуфиналето на Купот. Добрата атмосфера избраниците на Срѓан Захариевски ќе се обидат да ја преточат и во добра игра на денешниот дуел со Шкендија. Мотивацијата е јасна, да му се нанесе првиот пораз на лидерот во шампионатот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













