Лидерот Шкендија не загуби на Чаир во дербито на колото, играјќи 1-1. Клисман Цаке во 60.минута го израмни резултатот, откако Јумеми Канда донесе водство во 45.минута.
Гостивар го пречека Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и одигра 1-1. Тоа беше и официјално деби на Срѓан Захариевски на клупата на најтрофејниот клуб, на крајот се покажа како декумно успешно.
Алдаир беше стрелец на водечкиот гол во 19.минута, но Вардар израмни во финишот со голот од слободен удар на новото засилување Немања Босанчиќ.
Работнички е без пораз по првите пет кола, а денеска го пречека Тиквеш и победи со 3-1. Егзон Белица во 23.минута со удар со глава донесе предност за Работнички, но Тиквеш израмни преку Витао во 76.минута. Сепак, Димитар Данев пет минути подоцна постигна победнички гол за домаќинот, а триумфот го потврди Али Регба во 90.минута.
Брера со новиот тренер Горазд Михајлов одигра 3-2 против Беса. Ѓорѓе Ивковиќ беше двоен стрелец на стартот од второто полувреме, а за Брера погоди и Ѓорѓиевски. Беса не предаде, постигна два гола преку Љамалари и Реџепи, но на крајот сепак бодовите останаа во Струмица.
Шампионот Струга Трим Лум гостуваше во Битола и успеа да остане непоразена играјќи 1-1. Ланре Кехинде во 16.минута донесе предност за Струга ТЛ, но во 45.минута Сава Радич ја погоди сопствената мрежа. Во вториот дел, Пелистер имаше шанси и за победа, но Стевковски беше одличен на голот.
Воска Спорт во Охрид беше домаќин на Силекс. Кратовци славеа со убедливи 0-3. Марко Ѓорѓиевски го отвори резултатот со силен и прецизен удар, Валентин Кочоски зголеми на 0-2, а третиот гол за составот на Васоски го постигна Милош Николиќ.
ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-1
ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 3-1
БРЕРА – БЕСА 3-2
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ 1-1
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 0-3
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski