Повеќе од тешка задача за Шкендија во желбата со победа да се стартува пролетниот дел од сезоната. Тетовци во 19. коло денеска од 13 часот гостуваат на Академија Пандев во Струмица во дербито на почетното пролетно коло.
Академија Пандев е со јасни амбиции за европски излез и оваа сезона, поради што очекувано и покрај проблемите со повредите ќе атакува на позитивен резултат против Шкендија. Серија измени во составот на Југослав Тренчовски имаше низ изминатиот зимски преоден рок. Заминаа четворица фудбалери а донесени се пет нови имиња вклучувајќи ги Бојан Најденов, Мите Цикарски како и албанскиот интернационалец Ндуе Мујеци. „Пандевци“ на подготовките во Анталија одиграа седум натпревари, притоа со две победи, три ремија и два порази.
„Шкендија е незгоден противник кој го зачува костурот од есенскиот дел, но донесоа и неколку имиња со што тие се наметнуваат како фаворити пред овој натпревар. Ги гледавме во Анталија и мислам дека се противник за респект. Во секој случај, и ние сме максимално подготвени. Од нашиот тим четворица играчи заминаа а донесовме пет нови кои добро се вклопија во составот. Жалам што во недела не ќе можам да сметам на Томислав Илиев и Милан Басрак кои се жалат на повреди“ – вели Југослав Тренчовски.
Шкендија, пак, во Анталија одигра четири натпревари, а сега во очекување на првиот официјален сезонава очекува секако три бода… Дуелот во Струмица е шанса на дело да се видат новите имиња Ахмад, Далку, Кривак, Нето, Ел Сахал…
„Јасно е дека има одредени измени во составот, но остануваме со амбициите за највисок пласман. Тоа е нашата цел, поради која апсолутно е јасно дека ќе ни требаат бодови од секој натпревар“ – вели шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока.
ПМФЛ – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ
Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ
Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (13 ч.)
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1 (1-0)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski