Шкендија славеше против Струга Трим Лум со 2-0 на домашен терен и стигна до првиот триумф во новата сезона. Славеше и Вардар на гости против Академија Пандев во Струмица, а погодокот беше постигнат од пенал. Успешен реализатор на најстрогата казна беше искусниот Дејан Блажевски во 77.минута.
Дејан Димов го фаулираше Матеј Цветаноски во шеснаесетникот, судијата Смоквоски покажа на белата точка, а Блажевски погоди за победа. Од 62.минута, Академија Пандев играше со играч помалку поради исклучувањето на голманот Марко Алчевски, кој заработи два жолти картони. Во 90.минута, исклучен беше и Јован Попзлатанов.
Шкендија во Тетово оствари победа со головите на Енур Тотре во 38.минута и на Љупчо Дориев во судиското продолжение. Тотре двојно проигра со Бесарт Ибраими и потоа со удар од 15 метри ја затресе мрежата на Струга ТЛ. Ибраими имаше одлична шанса во 82.минута, но Клисман Цаке спаси на гол-линијата, а Дориев со прецизен удар откосо од десната страна го постави конечниот резултат во 92.минута.
Шкупи ја совлада Македонија ЃП со 3-1. Фатјон Јусуфи го отвори резултатот во корист на домаќинот во четвртата минута, а Сефер Емини израмни во 54.минута. Сепак, иако со играч помалку, поради исклучувањето на Илирид Адеми во 72.минута, Шкупи стигна до победа. Дембо Дарбо во 76.минута погоди за 2-1, а Дијак Ламине во судиското продолжение го потврди триумфот на тимот од Чаир.
Борец и Ренова ремизираа 1-1 во Велес. Никола Радовиќ во 40.минута постигна гол за водство на Борец, а во финишот, во 89.минута Оливер Стоименовски несреќно постигна автогол за реми во Велес.
Вчера, Работнички ја совлада Беласица со 2-0 со двата гола на Фахрудин Ѓурѓевиќ, а во петокот во Кратово, Силекс и Пелистер одиграа 2-2.
ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР 0-1
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 2-0
БОРЕЦ – РЕНОВА 1-1
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА 2-0
ПЕТОК: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 2-2
Табела: Силекс 4, Шкупи 4, Шкендија 4, Пелистер 4, Борец 4, Работнички 3, Вардар 3, Ренова 2, Струга ТЛ 1, Академија Пандев 0, Беласица 0.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski