Connect with us

Шкендија и Академија Пандев добија фактура да платат котизација: Не сакаш ТВ права – плати си за учество

Актуелниот првак Шкендија и Академија Пандев се клубовите од Првата лига кои не дадоа согласност за своите ТВ права за пренос на натпреварите на регионалниот спортски канал „Арена Спорт“ и на јавниот сервис „МТВ“. Поради ова, тие добија фактури за да уплатат котизација од 12.000 евра за учество во Првата фудбалска лига.

Сите останати прволигаши, профитот од продажба на ТВ правата, што во име на клубовите го прави ФФМ, го компензираат со трошоците за котизација за учество во Првата лига за сезоната 2021/22. Така беше и во минатата сезона, а на ова тогаш се сложија сите клубови од елитата.

Во првите пет кола од новиот шампионат немаше телевизиски преноси на „Арена Спорт“ и на „МТВ“, останува да се види дали проектот за оваа сезона ќе почне да функционира од претстојното шесто коло. Засега, преноси има само на интернет – платформата на ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови