Шкендија и Динамо Киев постигнаа финален договор за трансферот на Решат Рамадани во украинскиот гигант.
„Фудбалскиот клуб Шкендија со задоволство објавува дека 19-годишниот играч за врска Решат Рамадани го комплетираше трансферот во Динамо Киев од Украина. Покрај обештетувањето кое треба да се плати сега за комплетирање на овој трансфер, „црвено-црните“ ќе имаат корист и од 15% од евентуалната идна продажба на Рамадани.
Поранешниот играч за врска на Шкендија сега потпиша петгодишен договор со тимот со најмногу трофеи во Украина“, објави тетовскиот клуб.
Решат Рамадани порасна во академијата на Шкендија, додека во првиот тим дојде како 17-годишник во 2021 година. Со 23 настапи во прволигашка и пет настапи во европските купови,
Рамадани постигна гола во сениорскиот тим, а сега стана првиот фудбалер кој директно од македонски тим преминал во Динамо Киев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













