Актуелниот првак Шкендија смета дека ја пронајде победничката формула по убедливиот триумф во минатото коло и сака да ја репризира и на денешото гостување под „Тумбе кафе“ против Пелистер. Битолскиот тим нема ниту еден освоен бод, но тоа нема да ги залаже тетовци дека ги очекува лесен натпревар.
„Сите натпревари, посебно оние на гостински терен се тешки и неизвесни, но во фокусот на Шкендија секогаш се победа и три бода. Нема да го потцениме противникот иако Пелистер се уште нема освоено бод. Подготвени сме, против Македонија ЃП одигравме добар натпревар и ако ја повториме играта, верувам дека со победа ќе се вратиме од Битола“, вели капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи.
Шкупи загуби на гостувањето против Струга Трим Лум и сега тимот на Гоце Седлоски сака да се рехабилитира со триумф против Скопје. Натпреварот меѓу Шкупи и Скопје ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
„Ова е многу важен натпревар за нас, а целта ни е да победиме. Добро се подготвивме за овој меч и ќе сториме се да дојдеме до трите бода“, изјави алжирскиот интернационалец Валид Хамиди.
Во Штип, Брегалница се надева на прв прволигашки триумф против лидерот Академија Пандев, Ренова во Тетово го пречекува Работнички, а Борец гостува во Ѓорче Петров. Тиквеш е домаќин на Струга Трим Лум во Кавадарци.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО (16 часот)
Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ
Маџари: ШКУПИ – СКОПЈЕ
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













