Connect with us

Шкендија ги пречекува „пандевци“ во дербито, Шкупи фаворит против Тиквеш

Актуелниот првак Шкендија (14 часот) го пречекува тимот на Академија Пандев во дербито на 21.коло во Првата фудбалска лига. Тетовци посакуваат победа за да продолжат да се надеваат во трката за шампионската титула.


„Имаме добри настапи на почетокот на пролетната сезона, постигнувајќи две победи во низа. Но, најважно е што и во двата меча бевме убедливи и во играта и во резултатот. Тоа влијаеше атмосферата во тимот да биде одлична. Несомнено и на денешниот натпревар ќе влеземе да ја забележиме третата последовна победа во пролетната сезона. Академија Пандев има добра екипа, поседуваат квалитет, но верувам дека ќе бидеме на висина на задачата и дека од мечот ќе излеземе со победа и три нови бода“, изјави новото засилување, Клисман Цаке.

Шкупи на домашен терен го пречекува Тиквеш.

„Сите натпревари се важни, сите се финални во трката за титулата. Едноставно мораме да продолжиме да победуваме до крај. Јас и сите други млади играчи брзо се адаптиравме во тимот. Сакаме да станеме шампиони, а за тоа ни се потребни победи. Подготвени сме за денешниот дуел“, изјави Гаги Маргвелашвили пред натпреварот со Тиквеш.

Скопје ќе го пречека Работнички на Автокоманда, а во Велес, Борец ќе има пресметка против Струга Трим Лум.

Дуелот меѓу Пелистер и Ренова денеска е одложен поради снег на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а треба да се одигра во рок од 24 часа.

Вчера, Македонија ЃП ја совлада Брегалница со 2-1 во првиот натпревар од 21.коло.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО (14 ЧАСОТ)

ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

ШКУПИ – ТИКВЕШ

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (одложено)

БОРЕЦ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 2-1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови