Фудбалската репрезентација на Украина, вториот ривал на Македонија на ЕП (17 јуни), денеска ги стартува подготовките за завршниот турнир. Селекторот Андриј Шевченко има проблеми со повреди на фудбалерите, па украинските медиуми најавуваат дека речиси сигурно на завршниот список нема да се најдат двајца многу важни фудбалери од составот, Јевхен Конопљанка и Виктор Коваленко.
Конопљанка, кој е фудбалер на Шахтјор Доњецк, нема навреме да се рехабилитира од повредата на мускулот, додека Виктор Коваленко, членот на италијанскиот калчолигаш Аталанта, има повреда на тетивата. Поради тоа и двајцата многу веројатно ќе отпаднат од конечниот список на 26 фудбалери во украинскиот тим.
Селекцијата на Украина ќе одигра два пријателски натпревари пред заминувањето на ЕП. На 3 јуни ќе ја тестира формата против Северна Ирска, а на 7 јуни ќе игра пријателски меч против Кипар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski