
Актуелниот италијански првак Интер ќе се раздели со шестмина фудбалери на крајот од оваа сезона, пишува „Газета дело спорт“. Чилеанскиот тандем Артуро Видал – Алексис Санчез дефинитивно заминува од „Џузепе Меаца“, а во соблекувалната на Интер нема да има место и за резервниот голман Јонут Раду.
Напаѓачот Фелипе Каиседо нема играно за Интер од јануари и клубот ќе го врати во Џенова од каде што дојде како позајмен играч. Српскиот интернационалец, левиот бек Александар Коларов ќе се пензионира на крајот на сезоната, а клубот треба да го напушти и Матијас Весино, играчот од средниот ред кој ја загуби минутажата оваа пролет.
На овој список ги нема хрватските репрезентативци Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ, кои треба да добијат нови договори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
