Тетовското дерби повторно е во фокусот на вниманието. Утре Ренова ќе се обиде да го изненади актуелниот првак Шкендија кој славеше убедливо против „гипсарите“ во Купот на Македонија. Ова е првенствена пресметка, а Ренова во моментов е второпласирана и има четири бода повеќе од градскиот ривал.
„Треба да останеме фокусирани на натпреварот, да го дадеме максимумот и мислам дека ќе успееме. Иако Шкендија е квалитетен противник, мислам дека имаме мотив и моќ да го добиеме натпреварот“, вели напаѓачот Шефит Шефити.
Мечот меѓу Ренова и Шкендија ќе се одигра утре, со почеток во 13 часот, на Градскиот стадион во Тетово, а ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













