
Струга Трим Лум го доби дербито со Шкупи со 2-1 и се зацврсти на врвот на табелата во Првата фудбалска лига со 42 бода. Шпетим Дуро со успех дебитираше на клупата на стружани кои од првата позиција ќе го стартуваат третиот, последен круг од шампионатот.
Струга ТЛ победи со два гола од пенал, a и Шкупи возврати во последните мигови, исто така од пенал.
Во 23.минута, Кристијан Наумовски стартуваше над Малески, а Буњамин Шабани беше успешен реализатор на најстрогата казна. Во завршницата,
Бесарт Ибраими исто така погоди од пенал во 89.минута.
Шкупи намали на 2-1 од пенал, а го реализираше Фреди Алварез во 98.минута.

Шкендија беше убедлива против Работнички и славеше со 3-1 во Тетово. Клисман Цаке во десеттата минута го отвори резултатот, Наско Милев зголеми на 2-0 во 28.минута, а третиот гол го постигна Мујезиновиќ во 82.минута од мечот. За Работнички погоди Анес Рушевиќ во 93.минута.
Академија Пандев исто така славеше со 3-0 против Победа. Ѓорѓиевски во третата минута донесе водство, Велиновски во 70.минута го постигна вториот гол, а Врдољак две минути подоцна го постави конечниот епилог.
Брегалница го освои Кратово откако го совлада Силекс со 1-2. Ѓорѓи Ѓорѓиев во 40.минута најави триумф за штипјани, а Давид Калпачки во 49.минута ги потврди трите бода за гостите.
Скопје и Македонија ЃП на „Автокоманда“ одиграа 1-1. Новиот тренер на домаќинот Мирсад Јонуз во финишот избегна пораз. Дино Најдоски си постигна автогол во првата минута, а Бујар Хајдари спаси бод за Скопје во 94.минута.
ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2-1
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 3-1
СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 1-2
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПОБЕДА 3-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Рома и Дибала се блиску до нов договор

Евро-фудбал
Баерн Минхен влегува во трката за Марк Гехи

Евро-фудбал
Нови проблеми за Ханси Флик во Барселона

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
