Ѕвездата на Галатасарај, Радамел Фалкао ќе оди на операција откако заработил страшна повреда на лицето за време на тренинг. Напаѓачот, наводно скршил коска на предниот дел на черепот по судир со својот соиграч, Керем Актуркоглу.
Од сударот со 22-годишникот, Фалкао излегол со поголеми последици, по што бил пренесен во болница на додатни тестови за да се утврди озбилноста.
Во соопштението од клубот се вели: „По судирот на главата на денешниот тренинг, откриена е скршеница на коските на лицето на еден наш играч, Радамел Фалкао, чии прегледи беа извршени во клиника.
„Вечерва е планирано да се изврши операција под анестезија со цел заздравување на повредите. Кај Керем Актуркоглу не беа најдени никакви физички или психички последици за време на прегледите, но ќе биде задржан под надзор заради претпазливост.”
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













