Севилја активно работи на ангажманот на мароканскиот репрезентативец Хаким Зијеш. Искусниот 32-годишен офанзивец во моментов е слободен играч, откако летово се раздели со катарскиот Ал-Духаил. За него постои интерес од неколку европски клубови, но андалузискиот состав во моментов се смета за главен фаворит за неговиот потпис.
Зијеш, кој стекна голема популарност со настапите во Ајакс, а потоа и во Челси, има желба да се врати во европскиот фудбал на високо ниво. Последната негова авантура на Стариот континент беше во Галатасарај.
Раководството на Севилја го гледа како значајна офанзивна алатка, која би можела да донесе креативност и искуство во тимот. Преговорите се во напредна фаза, но за официјализирање на трансферот клубот најпрво треба да ослободи простор во буџетот за плати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













