Connect with us

Серија А од јануари воведува полуавтоматски офсајд

Италијанската Серија А ќе воведе полуавтоматската офсајд технологија од крајот на јануари 2023 година, соопшти денеска Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).


По консултација со Здружението на судии (АИА), беше одлучено дека оваа технологија, користена за време на Светското првенство во Катар, ќе се користи од првото коло од продолжението на сезоната закажана за 27-30 јануари, истакна ФИГЦ во соопштение за медиумите.


По неколку тестови минатата година, „полуавтоматизирана офсајд технологија“ (SAOT) беше воведена од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за време на Светското првенство во Катар.


Оваа технологија има за цел да ги забрза и донесе одлуките посигурно со тоа што овозможува одредување на позицијата на играчот и топката во секое време. Овој систем ќе биде додаден и на употребата на ВАР.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови