
Капитенот на Реал Мадрид, легендарниот дефанзивец Серхио Рамос, заминува по цели 16 години од „кралскиот клуб“. Имаше емотивно простување со соиграчите, вработените во клубот, со навивачите на Реал Мадрид.
„Дојде време за една од најтешкте одлуки во мојот живот. Никогаш нема да бидам подготвен да се збогувам со Реал Мадрид. Но, ете, ќе морам. Уникатен период од мојот живот се затвора. Ништо нема да биде како она што сум го живеел тука. Сакам да продолжам да играм на најдобро ниво и да додадам уште некој рекорд. Ви благодарам многу на сите. Ова не е збогум, затоа што порано или подоцна, јас ќе се вратам во Реал Мадрид“, изјави Серхио Рамос низ солзи на прошталната прес – конференција во „кралскиот клуб“.
Тој се заблагодари на сите со кои соработувал во Реал Мадрид речиси две децении, а наголемата поддршка секако ја имал од семејството.
„Дојдов овде како момче и секогаш имав поддршка од семејството, од родителите и од моите браќа. Фала му на Бога, имам одлично семејство. Исто така благодарност до мојот клуб, до претседателот, за целата ваша љубов, до моите тренери, до вработените во клубот. Благодарам на навивачите, нивната љубов ме креваше секогаш високо. Сега се збогувам од „Бернабеу“, но секогаш ќе го носам во моето срце”, дополни Рамос.
This is too painful… mi capi …my hero … te amo Ramos #GraciasSergioRamos #GraciasLeyenda pic.twitter.com/JrwbwJVlVV
— Juan Ramón Uriarte (@JRUG_17) June 17, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
