
Повторениот ждреб за осминафиналето во Лигата на шампионите ги вкрсти Пари Сен Жермен и Реал Мадрид. Очекувано, поранешниот капитен на „кралскиот клуб“, Серхио Рамос, мораше веднаш да одговори на прашањето за ждребот, бидејќи се враќа на стадионот на кој помина 17 години и стана една од најголемите легенди на клубот.
„Секако дека посакувам да добиевме друг противник. Сите знаат колку го сакам Реал Мадрид и неговите навивачи и тоа никогаш не може да се промени. Но, сега треба да се соочам со фактот дека сум играч на ПСЖ и ќе ги бранам боите на мојот тим. Ќе направам се што можам за да продолжиме понатаму“, изјави Рамос.
Шпанецот се осврна и на Килијан Мбапе, кој ќе се сретне со клубот за кој најчесто се поврзува. Не е тајна дека Реал Мадрид е сон на Мбапе, но…
„Ги сакам најдобрите играчи во светот околу мене и Мбапе е еден од нив. Се надевам дека ќе остане со нас уште многу години“, додаде Рамос.
Некогаш ги водеше најголемите битки на Реал против Лионел Меси, а сега заедно со него ќе го нападне Мадрид.
„Јас и Меси имаме одличен однос. Се обидуваме да му помогнеме на ПСЖ да победи и да освојува трофеи. Целта е трофејот во Лигата на шампионите и ќе дадеме се од себе да ја освоиме“, истакна Серхио Рамос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski