Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, наводно ги подбуцнувал соиграчите да не прифаќаат намалување на платите за следната сезона. Раководството на „кралскиот клуб“ побара од фудбалерите да се согласат за делумно скратување на буџетот за да може да го премости тешкиот период предизвикан поради пандемијата на коронавирусот.
Шпанските медиуми објавија дека токму Рамос го предводел бунтот во Реал Мадрид и тоа со став дека клубот сака да им бидат намалени постоечките договори на фудбалерите кои го носат дресот на на „кралскиот клуб“ за да може да се ослободи буџет за ангажман на Килијан Мбапе.
По ова се уште е неизвесно дали Серхио Рамос ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“. Новиот тренер Карло Анчелоти ќе треба да разговара со него веднаш по пристигнувањето во Мадрид и да добие информација околу неговите планови за следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













