Connect with us

Серџо Консеисао ќе биде нов тренер на Ал-Итихад

Португалскиот тренер Серџо Консеисао е многу блиску до клупата на Ал-Итихад, јавуваат медиумите оваа земја.

Според информациите, 50-годишниот Португалец веќе постигнал договор со саудискиот клуб, во кој настапуваат фудбалери како Карим Бензема и Н’Голо Канте. Се очекува стратегот да потпише договор до 2027 година, а двете страни наскоро да го финализираат потписот.

Консеисао беше дел од Милан од декември 2024 до јуни 2025 година, освојувајќи го Суперкупот на Италија со „росонерите“. Во својата тренерска кариера ги водеше и Порто, Нант, Виторија Гимараеш, Брага, Академика и Олханенсе.

На 28 септември Ал-Итихад објави дека го прекинува договорот со Французинот Лоран Блан. Два дена претходно, екипата загуби со 0-2 од Ал-Наср во четвртото коло од шампионатот на Саудиска Арабија.


Блан беше на клупата на Ал-Итихад од јули 2024 година и во претходната сезона освои двојна круна со клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови