Академија Пандев го комплетираше првото засилување за наредната сезона, потпишувајќи договор со 20-годишниот Никола Серафимов. Овој млад играч е најавен како големо засилување за дефанзивната линија на „пандевци“, каде би требало да биде стандарден кај тренерот Александар Таневски.
Серафимов е поранешен фудбалер на Вардар, кој имаше кратка авантура во странство, заминувајќи во чешкиот клуб Јихлава, од каде доаѓа во таборот на Академија Пандев.
„Пандевци“ го задржаа Александар Таневски на тренерската позиција, а летово клубот го напуштија Душан Чубраковиќ, Мите Цикарски, Стефан Костов, Ангел Гранчов, Бојан Најденов, Кристијан Стојкоски, Ѓорги Танушев и Ндуе Мујеци.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













