
Третолигашот Арминија Билефелд направи огромна сензација елиминирајќи го Баер Леверкузен, актуелниот освојувач на Купот на Германија, и пласирајќи се во финалето, каде ќе игра со Штутгарт или со Лајпциг.
Иако тимот на Чаби Алонсо важеше за голем фаворит, домашната екипа приреди сензација со победа од 2-1.
Натпреварот започна според очекувањата за „фармацевтите“, кои поведоа уште во 17. минута преку Џонатан Тах. Сепак, Арминија не се предаде – Ворл во 20. минута донесе израмнување, а непосредно пред паузата, Гросер го комплетираше пресвртот.
Во второто полувреме, Баер Леверкузен не успеа да пронајде одговор. Тимот создаде многу малку шанси, а единствениот удар во рамките на голот беше лесно запрен. Арминија херојски ја зачува предноста и исфрли уште еден бундеслигаш, откако претходно ги елиминираше Унион Берлин, Фрајбург и Вердер Бремен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер
