
Најверните навивачи на Манчестер Јунајтед протестираат против сопствениците, семејството Глејзер, и бараат тие да го продадат клубот и да си заминат, но очигледно дека тоа нема да се случи. Напротив, интенцијата на газдите на „црвените ѓаволи“ е да го купат Хари Кејн во летниот преоден рок и со тоа да ги одоброволат навивачите.
Вистински хаос се случи на „Олд Трафорд“ во пресрет на дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, фановите влегоа на теренот и протестираа против одлуката на раководството да го приклучи клубот меѓу оснивачите на Европската Суперлига.
Семејството Глејзер ќе одобри поголем буџет за засилувања во летниот преоден рок, а една од главните цели ќе биде капитенот на англиската фудбалска репрезентација и на Тотенхем, Хари Кејн. За него Јунајтед е подготвен да плати 90 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
