Connect with us

Селта во голеада го победи Бетис (ВИДЕО)

Селта ја доби голеадата во Севилја против Бетис со 3-4. Тимот од Виго со овој триумф се придвижи кон средината на табелата со 23 бода.

Ларсен во шестата минута донесе предност за гостите, но Хуанми и Каналес брзо го свртеа резултатот во корист на Бетис. Сепак, Габриел Веига да биде 2-2 на полувреме.

Веига постигна уште еден гол во 56.минута за 2-3, а Аидо зголеми на 2-4.

Бетис ја врати надежта од пенал со голот на Набил Фекир во 84.минута, но Луис Фелипе доби црвен картон во судиското продолжение, а триумфот и припадна на Селта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови