Веројатноста Ерик тен Хаг да остане на чело на Манчестер Јунајтед е сѐ поголема во последните денови, информираат англиските медиуми. Раководните лица на „Инеос“, кои го презедоа спортскиот и техничкиот менаџмент на клубот во февруари, продолжуваат со анализата на минатата сезона, како и на работата на Холанѓанецот во последните две години.
Изминатите денови се појавија информации дека имало средби со некои од кандидатите за наследник на Ерик тен Хаг на листата, но потоа еден по еден се откажале.
Томас Тухел, Маурисио Покетино и Киран Меккена се поврзуваа, но тие повеќе не се разгледуваат како опции од различни причини. Тухел дури одржа и еден на еден состанок со Сер Џим Ретклиф, но сепак Тухел не се нафатил да биде нов менаџер на Манчестер Јунајтед.
Медиумите на Островот тврдат дека во моментот името на Томас Франк од Барнли сѐ уште стои како опција. Сепак, се чини малку веројатно дека „Инеос“ ќе се реши да го отстрани актуелниот менаџер, кој донесе два трофеи и вкупно три финалиња во последните две сезони, за да го замени со тренер кој минатата сезона заврши на 15. место на табелата во Премиер – лигата, и вкупно во кариерата нема освоено ниту еден трофеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













