Седум медицински работници се обвинети за несовесно и неодговорно однесување ноќта на 25 ноември, кога почина легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона. Истрагата покажа дека Марадона починал во агонија.
Обвинителството покрена обвинение против неврохирургот кој го оперираше, друг лекар, психијатар и психолог и три медицински сестри. Состојбата на Марадона нагло се влоши пред неговата смрт и беа покренати обвиненија за „едноставно убиство со можна намера“.
На почетокот на овој месец, медицинските експерти открија дека работата на здравствените работници со Марадона е „несоодветна, полна со недостатоци и несовесна“. Како резултат на тоа, им се заканува затвор од 8 до 25 години.
Аутопсијата покажа дека Марадона починал од насобирање на течност во белите дробови, што довело до срцева слабост.
Судењето треба да започне на 31 мај со сведочење на обвинетите, на кои не им е дозволено да ја напуштат земјата до крајот на постапката.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski