
Шкупи лани како второпласиран мина низ целта во прволигашката конкуренција, но во пресрет на новата сезона тимот од Чаир има амбиции за освојување на пехарот. Тренерот Гоце Седлоски доби неколку квалитетни засилувања во овој летен преоден рок и Шкупи најавува сериозна борба за титулата. Секако, главен конкурет е актуелниот првак Шкендија.
Во првото коло, Шкупи ќе гостува во Штип кај новиот прволигаш Брегалница кој исто така е мошне амбициозен на почетокот од сезоната.
„Подготвени сме максимално и мотивирани за оваа нова сезона и за натпреварот против Брегакница. Се соочуваме со тим кој штотуку влезе во Првата лига и кој ќе се обиде да се покаже од почеток. Ги анализиравме, иако не ги познаваме доволно добро. Тие се добар тим, исто така добро подготвен. Патуваме за да оствариме победа, не само денеска, туку на секој натпревар, почнувајќи од овој со Брегалница . Очекуваме нашите навивачи да бидат 12. играч на сите натпревари оваа сезона и ќе ги наградиме со победи и позитивни резултати“, вели тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

Новото засилување на Брегалница, Даниел Мојсов, истакнува дека штипскиот тим се надева на позитивен резултат, иако е јасно дека Шкупи е фаворит во овој момент.
„Шкупи има квалитетен тим, тие се вицепрваци и јасно е дека ја имаат фаворитската улога. Но, ние имаме голема желба да го стартуваме позитивно натпреварувањето во Првата лига и ќе сториме се за да оствариме поволен резултат за нас“, истакна Мојсов.
Првакот Шкендија гостува во Прилеп, каде новиот прволигаш Тиквеш ќе го одигра овој меч поради реновирањето на стадионот во Кавадарци.
На арената „Тодор Проески“ во Скопје, Работнички го пречекува Борец, а Македонија ЃП во Ѓорче Петров е домаќин на Пелистер. Во Тетово, Ренова ќе го нагости Скопје, а од 20 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе играат Академија Пандев и Струга Трим Лум.
ПРВА ЛИГА, ПРВО КОЛО, СЕЗОНА 2021/22
СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ (17.30 Ч.)
ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
ПРИЛЕП: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
ТЕТОВО: РЕНОВА – СКОПЈЕ
СТРУМИЦА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ (20 Ч.)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
