
Шкупи успеа да го одбрани Чаир од Шкендија (1-1) која водеше до пред самиот крај со голот на Синдрит Гури. Но, Фреди Алварез со магично изведен слободен удар успеа да израмни.
Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, вели дека резултатот е реален, а Шкупи заслужено е на врвот.
„Беше тежок натпревар, моравме да ги искористиме нашите шанси во првото полувреме бидејќи на вакви дерби натпревари тоа е клучно. Секако и Шкендија имаше свои шанси, но благодарение на Кристијан наумовски не бевме казнети. Голот на Шкендија дојде по наша грешка, но замените ја освежија играта и со мајсторијата на Фреди Алварез од слободен удар успеавме да го израмниме резултатот. Мислам дека тоа е најреалниот исход за ова дерби. Честитки за фудбалерите и за навивачите кои дојдоа и не поддржаа до крај. Тука сме заедно повеќе од седум месеци и работиме напорно за да ги оствариме нашите цели кои ги имаме до крајот на сезоната“, изјави по натпреварот, тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
