Дербито на шестото коло во Првата лига меѓу Шкендија и Шкупи заврши без голови. Шкупи можеби имаше и поизгледни шанси за погодок, но на крајот сепак мрежите мируваа.
Тренерот Гоце Седлоски вели дека неговиот тим немал среќа да дојде до трите бода.
„Мислам дека беше интересен натпревар, но тежок. Во првиот дел, како да имавме некои проблеми, но вториот дел го започнавме многу добро. Во второто полувреме, напаѓавме цело време, имавме добри шанси, но немавме среќа да постигнеме погодок. Дојдовме во Тетово да победиме, но и Шкендија има многу добар тим. Сепак, ќе продолжиме да се подготвуваме за следниот натпревар и да се атакуваме на нови три бода“, изјави Гоце Седлоски.
Шкупи во моментов се наоѓа на третото место на табелата со 11 бода, а следниот натпревар ќе го има против Борец в недела.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по потписот на Марк Гехи













