Фудбалската репрезентација на Белгија ја оствари втората победа на Европското првенство и се пласира во осминафиналето. Кевин де Бруин враќањето на теренот по повредата на носот и лицето го одбележи со победнички погодок на овој меч. Тој погоди од далечина за водство на Белгија од 2-1 во 70.минута што на крајот беше и конечен епилог.
Данците поведоа многу рано, со голот на Јусуф Полсен во втората минута. Но, квалитетот на Белгија дојде до израз во второто полувреме. Торган Азар израмни во 55.минута, а потоа Кевин де Бруин го постигна победничкиот гол. Данците ја погодија гредата, но не успеаја да стигнат до израмнување.
Данските фанови му искажаа поддршка на Кристијан Ериксен, данскиот репрезентативец кој се опоравува од здравствените проблеми што ги имаше на мечот против Финска кога колабираше.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













