Фудбалерите на Бетис го совладаа Еспањол со 1-2 на гостински терен во Ла Лига, но многу повеќе внимание предизвика жестоката тепачка во ВИП ложата веднаш по завршувањето на натпреварот.
Конфликтот во ложата на стадионот во Барселона настанал поради провокации од гостинските навивачи по последниот свиреж на судијата. Неколку навивачи на Бетис кои се наоѓале во бизнис ложата започнале да се однесуваат провокативно, што довело до судир со делегацијата на Еспањол.
Колет, кој беше претседател на клубот во периодот од 2012 до 2016 година, првично се обидел да ја смири ситуацијата, но подоцна и самиот бил вовлечен во тепачката и, наводно, притоа се здобил со повреди.
Honor al expresidente Joan Collet plantando cara a la chusma Bética que estaba hoy en el palco del sector 103. #rcde pic.twitter.com/hMVdKoYx4K
— LTV_21 (@LTV_21) October 5, 2025
Конфликтот надвор од теренот ја одрази големата напнатост што владееше и за време на самиот натпревар, кој заврши со драматична завршница. Еспањол доби голема шанса за спас во длабоко судиско продолжение, кога по преглед на ВАР им беше досуден пенал во 97-та минута.
Капитенот Хави Пуадо не успеа да реализира, бидејќи неговиот удар го одбрани голманот на Бетис и поранешен играч на Еспањол, Пау Лопез. Напнатоста дополнително се зголеми поради провокативните гестови на Лопез кон домашните навивачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













