Connect with us

Се огласи Мбапе: Ќе се вратиме…

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе за првпат проговори по поразот во финалето на Светското првенство од Аргентина.


Мбапе испрати само кратка порака преку социјалните мрежи.
„Ќе се вратиме“, напиша 23-годишниот играч на ПСЖ.

Мбапе го заврши турнирот во Катар како најдобар стрелец откако постигна хет-трик во финалето.
Тој веќе има 12 гола на Мундијалите и се очекува да го мине Мирослав Клосе кој со 16 гола е на врвот на листата на стрелците на планетата.

Килијан Мбапе веќе има едно Светско првенство во колекцијата, пред четири години во Русија, а несомнено е дека во продолжението на кариерата со Франција ќе биде сериозен кандидат за освојување на уште еден Мундијал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови