Во Монако денеска во 18 часот беше одржан жребот за новата сезона во Лигата на шампиони, која по вторпат ќе се игра во ревидираниот формат со 36 екипи.
Според правилата, по осум одиграни кола, најдобрите осум тима ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето, додека клубовите пласирани од 9. до 24. место ќе мораат да играат плеј-оф за влез меѓу најдобрите 16.
Групната фаза ќе започне од 16 до 18 септември, а ќе заврши на 28 јануари 2026 година.
Оваа година во елитата нема клубови од регионот, но сензационално ќе ја гледаме авантурата на кипарскиот Пафос, казахстанскиот Каират, како и норвешкиот Бодо/Глимт.
Најинтересни двојки од жребот
Баерн Минхен ќе игра против: Челси, ПСЖ, Арсенал, Спортинг, ПСВ, Клуб Бриж, Унион СЖ и Пафос.
Реал Мадрид: Манчестер Сити, Ливерпул, Јувентус, Бенфика, Марсеј, Олимпијакос, Монако и Кајрат.
Интер: Ливерпул, Борусија Дортмунд, Атлетико, Арсенал, Ајакс, Славија Прага, Кајрат и Унион СЖ.
Барселона: ПСЖ, Челси, Франкфурт, Клуб Бриж, Олимпијакос, Њукасл, Копенхаген и Славија Прага.
Манчестер Сити: Борусија Д., Реал, Баер, Виљареал, Наполи, Бодо/Глимт, Галатасарај и Монако.

Во „јакосните групи“ се издвојуваат неколку потенцијални дерби-натпревари:
Челси против Баерн и Барселона
Ливерпул со Реал и Интер
ПСЖ во група со Баерн и Барса
Јувентус против Реал и Борусија Дортмунд


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













