Селекторот Герет Саутгејт, изрази „огромно сочувство“ од цела Англија за украинските државјани пред неделниот дуел од квалификациите за ЕП 2024 меѓу двете селекции на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Три дена по започнувањето на квалификациите во групата Ц и победата од 2-1 над европскиот шампион Италија, репрезентацијата на Англија го чека својот следен противник. За Украина мечот против Англија ќе биде прв од оваа квалификациска кампања.
Запрашан дали ситуацијата околу тековната војна во Украина ќе ја направи играта против украинските играчи непредвидлива, Саутгејт рече:
„Би рекол дека е целосно предвидлива. Тие се многу горди. Тоа го видовме од почетокот на војната кога отидоа во Шкотска за баражот за Светското првенство во 2022 година и во Велс. Тие се силна група играчи и се целосно посветени на целта, да му донесат барем малку радост на својот народ. Очигледно имаме многу симпатии за Украина, но сега има фудбалски натпревар и ние сме целосно фокусирани во обидот да победиме. Искрено, ова е клучен натпревар во квалификациската група. Ако можеме да продолжиме по патот што го започнавме пред неколку дена и да победиме, тоа ќе биде многу добро за нас.“
Саутгејт, исто така, рече дека се надева дека играчите што му се на располагање ќе го поднесат предизвикот. Тој додаде дека играчите од средниот ред Џордан Хендерсон, Џуд Белингем и Калвин Филипс се чувствуваат добро.
Напаѓачот на Бретфорд, Иван Тони, ќе го има своето деби.
„Тој е прилично добар во последно време. Ни се допаѓа и ни е во плановите. Наш приоритет во квалификациите е да победуваме на натпреварите“, изјави селекторот на англиската фудбалска репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













