
Манчестер Јунајтед доби изненадувачка вест околу плановите на Герет Саутгејт, додека иднината на Рубен Аморим на „Олд Трафорд“ останува максимално неизвесна. Шпекулациите за замена на Португалецот не стивнуваат, а „црвените ѓаволи“ никако не успеваат да најдат континуитет и стабилност во настапите, започнувајќи ја оваа сезона во Премиер – лигата на кошмарен начин. Меѓу имињата што се споменуваат како можни наследници беше и поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт.
Тој беше поврзуван со Јунајтед уште за време на престојот на Ерик тен Хаг во Манчестер. Во март 2024 година, кога Холанѓанецот се бореше да ја задржи својата работа, кружеа многу гласини за интерес кон Саутгејт, кој тогаш сè уште беше на чело на националниот тим. Сепак, тој јасно стави до знаење дека нема да ја напушти Англија пред Европското првенство 2024.
На крајот, тој ја прекина соработката по завршувањето на турнирот. Тен Хаг остана на клупата на Јунајтед до октомври 2024 година, кога беше заменет со Рубен Аморим.
Аморим минува низ тежок период на „Олд Трафорд“, со само 18 победи на 49 натпревари. Јунајтед оваа сезона нема европски обврски, а шокантното испаѓање од второлигашот Гримзби ја зголеми критиката кон него. Сепак, според англискуте медиуми, Саутгејт би одбил понуда од Манчестер Јунајтед доколку Аморим биде отпуштен. 55-годишниот стратег не брза со враќање во клупскиот фудбал, а времето го исполнува со телевизиски ангажмани и мотивациски предавања.
Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол коментираше дека Саутгејт би бил идеалниот човек за создавање култура и разбирање со клубот, фудбалерите и личности како Џим Ретклиф, додека Аморим сè уште се обидува да ја наметне својата филозофија.
Последните информации наведуваат дека управата на Јунајтед и понатаму му дава поддршка на Аморим, и покрај слабите резултати на тимот, а неговата смена би го чинела клубот околу 15 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal