Connect with us

Саудискиот фонд го купи Њукасл, следен Интер?

Премиер-лигата и Њукасл денес го решија спорот околу преземањето на клубот од страна на Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија.

“По завршувањето на тестот за сопственици и директори на Премиер-лигата, клубот е продаден на конзорциумот со итен ефект. Премиер-лигата сега доби правно обврзувачки гаранции дека Кралството Саудиска Арабија нема да го контролира фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед”.” се вели во официјалото соопштение на Премиер-лигата.

Саудискиот инвестициски фонд, наводно, работи и на купување на тековниот италијански шампион, Интер. Се верува дека фондот ги проверува и документите на Интер од Серија А, обидувајќи се да пресмета бројка што ќе им ја понуди на сегашните сопственици Сунинг.

Иако продажбатите на Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими помогнаа малку, “нераѕурите” сè уште трпат огромни загуби и многумина очекуваат дека Сунинг ќе продаде барем дел од акциите на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови