Македонската фудбалска репрезентација денеска (16.30 часот) ќе игра пријателски натпревар против Саудиска Арабија во Абу Даби. Селекторот Благоја Милевски вели дека ваков тип на натпревари се добра можност фудбалерите да потврдат дека индивидуалните квалитети можат да ги пренесат во функција на тактичките замисли за натпреварот.
Тој има на располагање селекција составена од фудбалери од домашното првенство, надополнети со Дарко Велковски и со Кристијан Тошевски.
„Нашата цел за овој натпревар е на терен, против силен противник, да го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите. Се разбира дека ќе бидеме задоволни доколку можеме да сметаме на нив и во иднина. Тоа е всушност, основната намера на стручниот штаб. Доколку фудбалерите потврдат дека индивидуалните квалитети можат да ги пренесат во функција на тактичките замисли за натпреварот, тогаш ќе знаеме дека сме на добар пат, вели Милевски.
Натпреварот е од затворен тип, со можност за настап на сите повикани фудбалери. Нашиот селектор вели дека веројатно шанса ќе добијат сите повикани.
„Ја анализиравме селекцијата на Саудиска Арабија, иако со оглед на тоа дека мечот е од затворен тип, или тренинг натпревар, ќе има многу промени и шанса ќе добијат веројатно сите фудбалери. Акцентот го ставаме на нашата игра и можноста да ги исполниме тактичките замисли. Работевме добро на подготовките и денеска треба сите да се увериме дека можеме да ја постигнеме целта. Против репрезентација која е учесник на Светското првенство мораме да бидеме и компактни и агресивни, но и трпеливо да ја бараме својата шанса“, изјави селекторот на националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













