
Лацио под водство на Маурицио Сари стана многу забавен и атрактивен тим. Сепак, во последното коло од Серија А доживеа дебакл (3-0) од градскиот ривал Рома на „Олимпико“.
Во пресрет на продолжувањето на првенството, Сари на прес-конференцијата жестоко го критикуваше италијанскиот фудбал.
„Имам идеја зошто Италија отпадна, иако слушнав некои глупави теории. Италија имаше дури 35 шута против Македонија и прими гол од само два удари на ривалот“, започна тој.
Тој продолжи со остар тон…
„Ние сме 30-35 години зад сите други, но никој не зборува за инфраструктурата и за реалните проблеми. Кога се жалам на состојбата на терените, ми велат дека постојано да се жалам. Ако гледате натпревар од Бундес – лигата и потоа се префрлите на Серија А, се прашувате „што е ова?“
Лацио испадна од борбата за Лигата на шампионите бидејќи заостанува 10 бода зад четвртопласираниот Јувентус. Многу поверојатно е да се бори за преостанатите места во Лига Европа со Рома и Аталанта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
