Connect with us

Сантос нема да го повлече дресот на Пеле

Раководството на Сантос одлучи да не го повлекува дресот со број „10“, со кој легендата Пеле настапуваше за клубот цели 18 години. Кралот на фудбалот почина во четвртокот, а неговото семејство побара од Сантос никој друг да не го носи тој дрес. Сепак, тоа нема да се случи.


Претседателот на бразилскиот гигант Андрес Руеда објасни дека за барањето разговарале членовите на управниот одбор, а конечната одлука била утврдена врз основа на интервју со Пеле, во кое тој изјавил дека претпочита неговиот број да продолжи да се користи.


„Подобро е бројот „10“ да остане достапен, па луѓето никогаш нема да го заборават“, беа зборовите на единствениот фудбалер со три светски титули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови